Во масакрот кај Денвер 14-мина загинати
20 јули 2012Реклама
Вооружен напаѓач во текот на ноќта кон петок по локално време отворил оган во кино во градот Аурора во американската сојузна држава Колорадо, соопшти шефот на локалната полиција Ден Оутс. Лицето е уапсено.
Во киното доцна вечерта се прикажувала премиера на новиот филм со Бетмен. Меидумите јавуваат дека на местото на настанот владее хаос.
Според локалните телевизии и радија, напаѓачот фрлил солзавец и почнал да ги убива луѓето. Тој носел гас-маска и имал панцирен елек. Локалните болници биле алармирани да примат поголем број пациенти. Според телевизискиот канал Ен-Би-Си тим на експерти за детонација е испратен на местото на настанот.