1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија се множат „ноќните дами“

25 септември 2010

Од секс на домаќинки за надополнување на семејниот буџет, до сигурни и трасирани облици на платени проститутки во круговите на студентките или бизнисменките, се‘ е поврзано во круг на трговија, контролиран од мафијата.

https://p.dw.com/p/PMVx
Фотографија: dpa

Малолетничка проституција во Штип, бело робје во западна Македонија, ромска населба во близина на Битола каде малолетнички се давани на дел од грчките гости, студентки за забава од еден час во Скопје, домаќинки за секс, барови за луди ноќи, станови за перверзии на бизнисмени, изградени мотели за час наемнина или за дневни шеми, собено видливи на перифериите од Полошко, но и во центарот на Скопје. Оваа полициска слика е верификација на растечката трговија со дамите за забава. Тоа зборува за социјално-етичката декаденција на општествениот развој, велат во детската амбасада „Меѓаши“.

Појавата на детската проституција е резултат на сиромаштијата, распадот на семејствата, но и желбата да се реализираат побрз и подобар стандард, а регистриравме и мотиви на напуштање на селскиот живот и безработицата, вели адвокатот на „Меѓаши“, Катерина Конеска.

Prostitution Gesetz
Фотографија: AP

Наместо странски, домашни „дами на ноќта“

Трговијата со луѓе за социјална експлоатација се‘ повеќе станува изворна појава во Македонија. Досегашните дами на ноќтта од Романија, Бугарија, поради отвореноста на западноевропските дестинации ја одбегнуваат Македонија или стануваат прескапи за подземјето, велта во МВР, сектор за организиран криминал.

„Тие се повеќе се заменети со внатрешната трговија со проститутки и за жал тоа се малолетнички регрутирани во источниот дел, а се користат за ноќните клубови во западна Македонија и доаѓаат од дисфункционални семејства“, вели Санде Китанов, начелник во МВР. Според него македонското подземје ги активира домашните пазари, како и трансферот на млади девојки, па и момчиња, кон западноевропските метрополи. Затоа и „Меѓаши“ неодамна предупреди дека мистериозните исчезнувања на неколку ученици од основните училишта и приградските населби или селата, се веројатно дел од насилното грабнување од мафијата за бело робје.

Prostitution in Deutschland
Фотографија: picture-alliance / dpa

Казните помагаат, но само делумно

Заострената казнена политика до 10 години затвор, итноста во судското пресудување, конфискацијата на имот, вклучувајќи и мотели, внесе доза на страв или само ги притаи организаторите на криминалот со посредување при проституирање или трговија со луѓе поради присилно сексуално искористување. Никој не знае колкав е бројот на проститутките, но вистинската бројка е значително поголема од регистрираните и приведени во рациите на полицијата.

„Темната бројка на жртви е далеку поголема од регистираните алки на малолетничка протитуција“, велат во детската амбасада „Меѓаши“, каде функционира СОС телефон за пријавување на педофилија, насилство врз малолетници и деца.

Печатот издава цели додатоци од таканаречени Контакти или јавни понуди за масажи или луди проводи, што е дел од начините да се обезбедат клиенти. Но МВР ги истражува и софистицираните форми на понуди за секс преку социјалните сајтови.

„Посебно се регистрирани преку интернет конекциите, но тука главно се работи за поединечни случаи и досега не сме регистрирале организирана форма“, вели началникот за организииран криминал Санде Китанов.

Bildgalerie Ursachen von Armut: Sexuelle Ausbeutung
Фотографија: AP

Секс за високи кругови и домаќинки-проститутки

Посебни се понудите за забава за таканаречените бизнис кругови и на високо ниво, велат во полицијата.

„Од секс на домаќинки за надополнување на семејниот буџет, до сигурни и трасирани облици на платени проститутки во круговите на студентките или бизнисменките, се‘ е поврзано во еден круг на трговија, која е контролирана не само од мафијата туку и во одделни случаи и заштитена од полицијата или локалната власт“, оценува Есад Рахиќ од ФОН Универзитетот во Скопје. Како пратеник, на почетокот од деценијава тој иницираше легализација на проституцијата, како професија, според моделите на некои западни земји, што во привидно конзервативната општествена средина наиде на отпор кај партиите и дел од невладиниот сектор.

Сомневањата на Рахиќ за организирана спрега на мафијата која ги контролира проституцијата и трговијата со луѓе, ги потврдува и началникот на МВР. Според Китанов, регистрирани се, особено во подолните ешалони, случаи на заштита, но и директно учество, како што е мајскиот случј со еден припадник на МВР, кој се‘уште е во притвор поради учество во посредување на малолетнички и проститутки.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска