Во Македонија се’ добива етнички предзнак
27 декември 2007Реклама
Неколку примери:
Шефот на опозиционата СДСМ Радмила Шекеринска беше во мултиетничко Јегуновце,општина во близина на Тетово.Таму најголем дел од работниците зависат од работата во Силмак,комбинат чиј производ е баран на светските берзи,но има исклучително високи трошоци поради цената на струјата.Шекеринска економскиот проблем го префрли на етнички терен.
Втор пример,примената на законот за полиција и изборот на регионалните „шерифи“,од осумте началници во Тетово на пример не може да се избере,зашто советниците и градоначалниците од опозиционата ДУИ не ги прифаќаат предлозите во речиси сите општини и ниту еден од предложените кандидати од централата не може да биде избран,вели градоначалникот на Гостивар Бејта.