1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија - истражувања за нафтени наоѓалишта

Горан Петрески8 мај 2006

Британско – канадската компанија, Банкерс петролеум ќе истражува има ли наоѓалишта на нафта во Македонија.

https://p.dw.com/p/AeLu
Експлоатирање нафта
Експлоатирање нафтаФотографија: AP

Денеска е потпишан пред договор според кој компанија Банкерс петролеум на нејзин трошок ќе ги врши истражувања за наоѓалишта на нафта во Македонија. Се работи за локации во Тиквешијата и Овчеполијата, за кои се смета дека лежат над наоѓалишта. Пред 30 години во тогашната СФРЈ, биле врешни истражувања во Македонија, но поради недостиг на пари југословенските нафтени компаниии се откажале. Според пред договорот што денеска го потпишаа македонскиот министер за економија Фатмир Бесими и директорот на Банкерс петролеум, Ричард Ватсфорт владата ќе

и ги даде на увид на Банкерс петролеум податоците и резултатите од геохемиските, геофизичките и другите анализи правени од 1966 до 1971 година во Овчеполието и Тиквешијата каде екипите на Нафта гас вршеле испитувања. „Банкерс петролеум е заинтересиран. Македонија е стратешки интерес на компанијата, и очекуваме позитивен исход од разговорите со владата.“ рече првиот човек на Банкерс петролеум, Ватсфорд.

Македонија неодамна направи законски подготовки според кои на сите потенцијални и заинтересирани компаниии им се дава можност да истражуваат нафта и гас во Македонија, ако се подготвни сами да ги финснсираат своите зафати. Според законскиот предлог, ако има нафта во економски исплатливи резерви тогаш компанијата и владата може да формираат мешовита компанија, или пак владата да даде концесија на компанија која таа ќе ја одбере.

Банкерс петролеум веќе експлоатира нафтени полиња во Албанија, во локалитетот Патосмарица. Моментно, таму на тие наоѓалишта дневно вади просечно 2.300 барели нафта, а до крајот на годинава планира да го зголеми производството до 5.000 барели на ден. Освен ова неодамна со американската влада склучи договор за истражување на потенцијални нафтени полиња во Тексас. Акцииите на британско – канадската компанија котираат на берзите во Лондон и Торонто. Компанијата е специјализирана за истражување на нафтени полиња. Евентуалниот позитивен резултат на истражувањата на канадско британската фирма, може значително да ја подобри енергетската позиција на Македонија, да ја направи од земја целосно зависна од увоз на нафта до држава со сопствени нафтени извори.