1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија врие

25 август 2011

Топлотниот бран што ја зафати Македонија, според метеоролозите, денеска (25.08) ќе го достигне температурниот максимум од 40 степени Целзиусови.

https://p.dw.com/p/12NLE
Најавени 40 степениФотографија: DPA

Поради екстремно топлото време лекарите препорачуваат да се избегнува престој на отворено и на сонце во периодот од 10 до 17 часот, по можност граѓаните да останат во затворени климатизирани простории, да се избегнуваат напорни физички активности, да се носи светла и лесна облека, заштитни очила и капа. Се препорачува внесување помало количество храна, а повеќе вода и течности.

Македонската Влада, пак, препорача поради топлотниот бран бремените и лицата над 60 години денеска и утре да бидат ослободени од работа, а градежните работници да не изведуваат работи на отворено во периодот од 11 до 16 часот. Еднакво високи температури се најавени и за утрешниот ден.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Трајче Тосев