1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Лондон средба на Контакт групата и Тројката за Косово

9 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSTX

Меѓународниот посредник во преговорите за статусот на Косово Волфганг Ишингер денеска оцени дека продолжувањето на преговорите за статусото на покраината претставува можеби последна можност да се пронајде решение. Во Лондон денеска се оддржува состанок на претставници на Контакт групата и посредувачката тројка, на кој ќе се разгледа натамошниот процес за решавање на статусот на Косово. Состанокот во Лондон се одржува на ниво на политички директори а на него ќе учествуваат и претсавниците на Тројката Ишингер, Визнер и Бочан Харченко. Тројката за Косово по состанокот во Лондон ќе отпатува за Белград на средби со српските власт, а во сабота ќе ја посетат Приштина.