1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Кина започна одбројувањето пред олимпијадата

Астрид Фрајајзен9 август 2007

Централната церемонија и шоуто беа одржани во Пекинг,на плоштадот Тјенанмен,Небесен мир,на местото кое стана познато по крвавото задушување на демократското движење во 1989 година.

https://p.dw.com/p/BSPU
Генерална проба за Олимписките игри 2008,свеченоста во ПекингФотографија: AP

Кулминација на празнувањето пред осветлената кула на плоштадот Тјенанмен во Пекинг,одбројувањето на последните пет секунди до среќниот број,осум часот на осми осми,токму една година до Олимписките игри.

„Подготвени сме“,гласи кинеската олимписка песна.Оваа нација е подготвена ,ве поздравува со насмевка,дозволете да го прегрнеме целиот свет, гласи текстот,кој беше испеан од 105 пеачи од Кина,Тајван и Хонгког.

Што велат Кинезите за оваа свечено исценирана утринска гимнастика:

„Посакувам игрите да бидат успешни и Кина да биде успешна.На сите пријатели од цел свет им посакуваме добредојде.“

Оваа жена пак вели:

„Толку сум среќна.Мојата најголема желба е Кина да освои многу златни медали.“

Кина е подготвена

Назад на плоштадот на Небесниот мир:на свеченоста беа поканети повеќе од 200 земји.Централните говори ги држеа кинески официјални претставници.Шефот на кинескиот Национален олимписки комитет Лиу Пенг и партискот шеф на Пекинг Лиу Кви најавија:

„Ќе се потрудиме најмногу при подготовките,на сите учесници ќе им обезбедиме пријатно опкружување.“

Пофалба за изградените објекти

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рог покажа длабоко задоволство од кинеските напори за добредојде:

„Спортските градови се речиси готови и изгледаат фантастично.“

Тој повеќепати во својот говор ги пофали изградените објекти и терени,но не кажа ништо за условот на Комитетот до кинеската влада,до Олимписките игри да се погрижи за човековите права и слободата на печатот.

Пред свеченоста беа уапсени двајца тибетантски активисти,едниот од нив наводно цела недела претходно се обидувал да закаже разговор со Жак Рог. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет во својот говор рече:

„Пекинг и Кина нема да бидат само успешни игри за најдобрите атлетичари на светот,туку ќе нудат извонредна можност за откривање на Кина,нејзината историја и култура,луѓето.Тоа ќе биде Кина која се отвора кон светот на нов начин.“