1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Калифорнија пожарите и натаму беснеат

24 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bw5N

И покрај поддршката од американската армија,на пожарникарите од јужна Калифорнија сеуште не им успева да ги стават под контрола пожарите што беснеат веќе четири дена.Во меѓувреме во регионот на Сан Диего е наредено евакуирање на повеќе стотици илјади луѓе,а околу 1500 куќи се веќе во пламен.Американскиот претседател Џорџ Буш најави посета на Калифорнија за лично да се увери во размерите на катастрофата.