1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во источна Европа недостасува кфалификувана работна сила

31 август 2007

На европскиот пазар на работна сила подолго време има раздвижување од исток кон запад. Работници од Полска, Чешка или Словенија заминуваат во западните земји. Но, и стопанството во Источна Европа забележува раст.

https://p.dw.com/p/BZb7
ВаршаваФотографија: dpa

Изгледа им дојде крај на златните времиња кога западните инвеститори можеа да дојдат во Полска, Унгарија, Словенија или Словачка и од мноштвото да си изберат квалификувана работна сила. Превземачите се повеќе се жалат дека таму има недостаток на работна сила. Слични вести доаѓаат и од Романија и Бугарија. Јасен пример за тоа како стојат работите во овие земји доаѓа од Полска. Пред четири недели, дописникот од Варшава за повеќе германски медиуми, Томас Раутенберг известуваше дека се повеќе полски работници заминуваат во Германија и Велика Британија.

Иако невработеноста е висока, недостасуваат квалификувани работници

Иако во Полска е регистрирана невработеност од 12%, се забележува недостатокот на квалификувана работна сила, потврди и вицепремиерот Кажмиер Куберски: „Работодавачите информираат дека има потреба од работници во речиси сите сектори. Почнувајќи од недостаток на работници за испомош во земјоделието до градежници. На, пример има огромен раст на изградбата на згради, па во овој сектор се потребни голем број работници“.

General Motors entlässt Mitarbeiter
Како ќе напредува автомобилската индустрија?Фотографија: AP

Недостигот на квалификувана работна сила во меѓувреме кочи многу проекти за експанзија во Средна Европа. Прашање е дали ќе успеат плановите на автомобилската индустрија во Средна и Источна Европа до 2010 година да ги зголеми работните места од 50 000 на 60 000. Дупките за сега уште може да се пополнат со работници од соседните земји, и од Украина и Белорусија, додека за Узбекистан, Казахстан и Киргистан, се воведени квоти за доселување.

Полските стопанственици го критикуваат новиот закон

Како последица на ова, полската влада во меѓувреме го отвори пазарот за работна сила кон Исток. Новиот закон, на работниците од соседните земји им дозволува без поголеми формалности да дојдат на работа во Полска, најпрвин само за три месеци. Полските стопанственици го критикуваа новиот закон како нефлексибилен.

Џереми Мордашевиц од сојузот на полски претприемачи Левијатан вели: „Ниту еден работник од Украина, Русија или Белорусија нема да се откаже од својата работа за да дојде на тримесечен ангажман во Полска. Затоа е потребно да се добиваат најмалку едногодишни работни дозволи и да може да важат и за земји како Кина, Индија, Виетнам, Казахстан или Азербејџан.“

Потребно е да се воведе повеќе пракса при образованието

Во одредена мера проблемите во Средна и Источна Европа сепак си ги создале самите држави. Државните универзитети и специјализираните училишта мора не само да ја зголемат квотата за студенти и апсолвенти туку во наставата треба да вклучат и повеќе пракса, велат поголем дел од претприемачите.

Deutschland Bildung Hochschule Spitzenuniversitäten
Не е потребна само теорија, туку и праксаФотографија: AP

Производителите на автомобили и нивните застапници се нудат да помогнат во подобрувањето на универзитетските средства и машини за настава, а го нудат и својот персонал за да се подобри квалитетот на предавањата. Фолксваген отиде и чекор понатаму, па во словачкиот главен град Братислава основа свој универзитет за образување на потребните кадри. Други компании, како како Ти систем, компанијата ќерка на компјтерскиот дел на германски Телеком во источно словачкиот град Кошице и корејскиот електроконцерн Самсунг во јужнословачкиот Галата, сакаат да помогнат на поинаков начин: тие стипендираат студенти и апсолвени кои немаат никаква врска со информатриката или електротехниката.