Во живо, мобилно, online
10 април 2006Понудата на македонски јазик е на следнава адреса: http://mobile.dw-world.de/macedonian
Во секое време, преку мултимедијален мобилен телефон или џебен компјутер, можете да воспоставите интернет врска и да ги користите dw-world.de содржините.
Прво воспоставете мобилна врска на Вашиот мобилен апарат ( на пример GPRS врска ). Потоа впишете ја следнава URL адреса: http://mobile.dw-world.de/macedonian и страницата “Старт“. Откако процесот ќе заврши, со покажувачот на текстот (џојстикот) можете да изберете кој и да е од текстовите на страницата, кои се обележани со сино.
Мал совет : За да не морате секогаш одново да ја пишувате адресата, можете да ја меморирате – http://mobile.dw-world.de/macedonian.
Начин на употреба:
- Доколку содржините на dw - world.de ги повикате преку GPRS на пример, по правило надоместок за врската му плаќате на Вашиот мобилен оператор.
- Покрај трошоците за Вашиот мобилен оператор, сервисот на dw - world.de е бесплатен. Не се плаќаат никакви такси за каналот.
- Претставувањето на dw - world.de страниците на различни мобилни апарати е поинакво и зависи од карактеристиките на секој апарат.
- Во зависност од мобилниот апарат, покрај текст, се покажуваат и соодветно одбраните слики.
- Постари мобилни апарати би можеле да имаат тешкотии во претставувањето на содржините на dw - world.de
- Секој мобилен апарат има специфични карактеристики и можности. Се препорачува да погледнете и во упатството за употреба на вашиот мобилен апарат, за да дознаете кои можности ги има вашиот апарат и кои понуди може да ги преземе.
За сите дополнителни информации, сугестии и коментари, можете да ни се обратите преку email на: macedoni@dw-world.de