1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Женева презентација на 130 нови модели на автомобили

ЕМФ/дпа5 март 2013

Стотици блескаво исполирани автомобили - тоа се главните актери на Автосалонот во Женева. Саемот почнува денеска (05.03) со презентација за медиумите, а вратите за посетителите се отвораат на 7 март.

https://p.dw.com/p/17qlv
Фотографија: Fabrice Coffrini/AFP/Getty Images

Производителите на автомобили денеска и утре ќе ги информираат медиумите за своите новитети и за бизнисот, кој во време на криза во Европа не оди како што треба. Сепак, браншата се бори со сите средства и сили.

Меѓу 900 презентирани автомобили на саемот во Женева, дури 130 се европски или светски премиери. А, сепак, над автомобилската бранша се надвиснати големи темни облаци, посебно над европските производители. Голем број фабрики во Европа се пред затворање, десетици илјади работни места во автоиндустријата се загрозени.

Германскиот автопазар е во надолна линија. Во февруари биле продадени 200.700 нови автомобили од фабрика, што е за 10,5% помалку во споредба со февруари минатата година. Здружението на автомобилската индустрија (ВДА) оценува дека европските производители чекорат по „долг пат послан со камења“. Според наводи на ВДА, во февруари биле извезени 10 проценти германски автомобили помалку од истиот месец лани. Пртепријатијата го имаат намалено своето производство за околу 8%, односно на 466.100 автомобили. Сепак, до крајот на годината, според очекувањата, би требало да се постигнат минатогодишните бројки.

Голема тема на саемот за автомобили во Женева, кој вратите за посетителите ги отвора на 7 март, а ги затвора на 17 март, се моторите на алтернативен погон. Шефот на Фолксваген, Мартин Винтеркорн, вчеравечер од политиката побара поддршка за производство на еколошки автомобили (фото: новиот Фолксваген хибрид XL1). „Сега е вистински момент да се пристапи кон иновации заедно со европските политичари“, изјави тој. Тоа е неопходно за, како што се вели, ваквите технологии побрзо да се распространат.