1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во ерупција на вулканот Мајон петмина загинати

ЖА/дв/миа7 мај 2013

Планинарите веќе биле на враќање, кога вулканот Мајон На филипините ненадејно почнал да исфрла пепел и лава. Помошта за петмина луѓе стигнала предоцна, меѓу нив се тројца Германци.

https://p.dw.com/p/18TLF
Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS

Еден од најактивните вулкани на Филипините, Мајон, денеска  испуштил висок столб на пепел, а жителите кои живеат во негова близина навеле дека смртно страдале најмалку пет лица. Локален туристички работник за новинската агенција АФП потврдил дека во моментот на ерупцијата на вулканот, на околу 500 метри од кратерот се наоѓале дваесетина локални водичи и туристи и дека петмина ги загубиле животите додека седуммина се повредени.

Вулканот Мајон се наоѓа во јужниот дел на главниот остров од архипелагот Лузон. Водечкиот филипински сеизмолог Ренато Солидум оценил дека нема потреба населението кое живее во близина на вулканот да биде евакуирано, оценувајќи ја експлозијата како минимална.

Мајон во последните 400 години еруптирал 48 пати, најсмртоносната ерупција се случила во 1814 година кога големата количина на лава усмртила 1.200 лица.