Во Данска уапсени осмничени терористи
4 септември 2007Реклама
Осум лица осомничени за тероризам се уапсени денеска во Данска. Данските разузнавачки служби соопштија дека тие се товарат за учество во тероризам и чување материјали со кои може да се изработи бомба. Претставник на разузнавачите изјави дека главните уапсени се исламистички борци кои имаат меѓународни контакти, вклучително и со Ал Каида. Апсењата биле резултат на подолга истрага.