1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Брисел ќе биде презентиран македонскиот план за НАТО

Александар Чомовски12 септември 2006

Македонската владина делегација денеска попладне во седиштето на НАТО во Брисел разговара со генералниот секретар на алијансата, Јап де Хоп Шефер. Таму премиерот Груевски ќе го предаде новиот македонски акционен план за реформи на армијата. Планот денеска беше претставен и во Скопје.

https://p.dw.com/p/AdcR
Претстои средба со Јап де Хоп Шефер, генерален секретар на НАТО
Претстои средба со Јап де Хоп Шефер, генерален секретар на НАТОФотографија: AP

Извозник на мир во регионот, поголемо учество во мировните мисии на НАТО – тоа би била новата политика на владата, која очекува покана за членство во алијансата уште на самитот на НАТО во Рига. Каков епилог се очекува ќе биде појасно по средбата на Јадранската тројка, односно на министрите за одбрана од регионот со американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд. Разговорите ќе се одржат на крајот на септември во Тирана. Македонската влада денеска во Брисел ќе го презентира осмиот акционен план за НАТО. По тамошните разговори ќе биде појасно дали ЕУ и НАТО ќе побараат и македонски контингент на мировни сили во Либан – идеја што неодамна во Скопје ја тестирала израелската амбасадорка во Македонија, со седиште во Белград. НАТО инсистира на поголем стандард на професионалните војници и поголеми плати за офицерите, како и модернизација на воените контингенти. Поради тоа воениот буџет за Македонија за наредната година ќе биде зголемен за околу 20 милиони долари, ќе се продолжи со модернизација на воените капацитети, а транспортот на мировниците ќе се решава со здружување на капацитетите со армиите во регионот. Ова ќе биде и една од темите за која ќе разговараат регионалните министри за одбрана.