1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во борба против сидата - целите не се постигнати

Томас Шмит11 јуни 2008

До 2010 година сите ХИВ-пациенти во светот треба да добијат третман и нега. Така гласи целта на ОН. Во Њујорк се оддржува конференцијата за борба против сидата.

https://p.dw.com/p/EHaC
За ХИВ пациентите е потребен третман и негаФотографија: picture-alliance/ dpa

Сидата е неизлечива болест. Таа секогаш завршува со смрт, дури и ако смртта денес со помош на лекарства може да биде одложена. Тоа е напредок и укажување на тоа дека глобалната борба против сидата покажува успеси. Имено како бројот на починати од Сида така и бројот на ново заразени е во опаѓање.

Во меѓувреме се’ повеќе инфицирани во меѓувреме се третираат со лекови за продолжување на животот: „Повеќе од два милиона Африканци, добија антиретровирални третмани кои го продолжуваат животот“ - изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на Конференцијата за Сидата во Њујорк. Тоа меѓутоа звучи помалку надежно, ако се знае бројката на заразени од ХИВ вирусот во светот: 33,2 милиони - стои во новиот извештај на ОН, од кои 2,5 ново-заразени само во изминатата година.

Милениумските цели не се остварени

Оваа споредба покажува дека остварувањето на Милениумските цели, според кои до 2010 сите заразени треба да добијат пристап до модерна терапија и нега, ниту од далеку не се остварени.

Германската министерка за здравство Ула Шмит смета дека причина за тоа е и недостатокот од политичко лидерство: „Сметам дека предолго траеше, пред и шефовите на држави или на влади да сфатат дека без нивен личен ангажман, напредок не е возможен“

Сидата не е само проблем на Африка

Три четвртини од 1,7 милиони новозаразени лица во Африка минатата година, се жени. Младите, омажени жени јужно од Сахара ја чинат најризичната група. Германската министерка Шмит меѓутоа во Њујорк предупреди од тоа, на сидата да се гледа исклучиво како на африкански проблем: „Ние мораме да се посветиме и на развојот на ситуацијата во Источна Европа. Зашто таму денес имаме стапка на новоинфицирани што е поголема од онаа во Африка“

И Генералниот секретар на ОН упати апел до меѓународната заедница итно да ја зголеми помошта која смо во изминатата година изнесуваше 10 милијарди долари. Но тој сака на конференцијата да се постигне повеќе од само материјалните цели: „Се надевам дека оваа средба ќе не мобилизира заеднички да преземеме храбра акција“-истакна Бан Ки Мун