Војникот Елвис во Германија
Доаѓањето во Фридберг
Дојде, виде и направи хаос: на 1. октомври 1958. година Елвис Присли со бродот „УСС Генерал Рандал“ вплови во Бремерхафен, на отслужување на воениот рок во Германија. Оттаму со воз продолжи кон хесенскиот Фридберг, каде обожувателите и новинарите му подготвија величествен пречек.
Воени обврски
На 2. октомври „кралот“ се всели во својата соба во зградата 3707. 18 месеци служба во тенковска единица беа пред него. Сепак, војникот Присли пред надлежните имаше привилегии, па често добиваше поштеда од воените обврски. Од воената барака, „кралот“ набрзо премина во хотел, а подоцна и во еден стан во градчето Бад Наухајм недалеку од Фридберг.
И Елвис чита Браво
Мајката на Елвис, Мини Ме, таткото Вернон како и двајца телохранители постојано го следеа во Германија. Најпрво одседнаа во хотелот Груневалд, а потоа се преселија во улицата Гете број 14. Само во својата соба Елвис имаше мир од обожувателите. Тие деноноќно дежураа пред зградата за да го видат „Кралот“, кој пак трпеливо им делеше автограми.
Ловци на автограми
Ден и ноќ младите се туркаа да го видат Елвис. Кој чекал доволно долго, беше и наградуван за упорноста. Елвис Присли во секоја прилика делеше автограми. Особено упорни беа тинејџерките. Поради неговите движења со колковите и песните, женските срца чукаа позабрзано.
Сеќавањата се уште живеат
И Ангелика Шпрингауф како тинејџерка дежурала пред куќата на Елвис во Бад Наухајм. Многу години подоцн таа гордо позира пред фотографијата на која е заедно со „Кралот“. Обожувателите од хесенското градче до ден денешен се сеќаваат на легендата на рокенролот.
Уживање во слободното време
За време на воената служба во Германија, строгиот воен режим Елвис го замени со добри автомобили и убави жени. На сликата може да се види Уши Зиберт- Мис Хесен во 1958 година, која на Елвис му ги предава клучевите од спортско БМВ 507, кое освојуваше награди на трките во тие години.
Голема љубов
Во Германија во 1959. Елвис ја запозна својата идна сопруга. Присила Болије имаше 14 години, кога нејзиниот очув, воздухопловен офицер, доби прекоманда во Бад Наухајм. Кури Грант, менаџерот на „Клубот Иги“ и семеен пријател, ја повел Присила на забава кај Елвис. Свадбата се случи осум години подоцна.
„Мус и ден...“
Популарната војничка и народна песна „Muss i denn zum städtele hinaus" е стара најмалку 200 години. Светска слава добива со обработката на Елвис наречена „Срце од дрво“ „Wooden Heart". „Кралот“ ја препеа на англиски, а рефренот беше на германски. За првпат можеше да се слушне во 1960. во филмот „Џ.Ај. Блуз“- сеќавањето на Елвис на војничките денови во Германија.
Враќањето дома
Воената служба на Елвис Присли во Бад Наухајм заврши 2. мај 1960 година. Одлета во татковината и никогаш повеќе не се врати. Жителите на малото градче го задржаа сеќавањето на Елвис преку плоштадот кој го носи неговото име и „патеката на славните“. Жителите исто така секоја година го „воскреснуваат“ „Кралот“ во неговиот „европски дом“ за време на Европскиот Елвис фестивал.