1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војната со беспилотни летала се одвива преку Германија?

АТ/ афп/ дпа/ ндр/ зц31 мај 2013

Не само во Пакистан, туку и во Африка лица осомничени за тероризам се убиваат со американски беспилотни летала. Постапката можно е да е спорна од аспект на меѓународното право и да стане проблем и за германската влада.

https://p.dw.com/p/18hap
Фотографија: dapd

Американските напади со беспилотни летала во Африка, според медиумски извештаи, се управуваат и од Германија. Од 2011 година централата за насочување на летови во американската база во Рамштајн во покраината Рајнланд Фалц управувала напади на американското воено воздухопловство во Африка, информираат магазинот „Панорама“ на првата програма на германската телевизија (АРД)  и весникот „Зидојче цајцтунг“. 

До денес во Сомалија биле изведени најмалки девет смртоносни напади со беспилотни летала, кај кои според различни извори загинале до 29 лица. Претседателот Обама секоја од овие акции лично ја потпишал.

Освен ова сателитска постројка во Рамштајн очигледно служела за тоа да се одржува контактот меѓу САД и конкретното борбено беспилотно летало во Африка. Без таа станица во Германија, нападите со беспилотни летала во земји како Сомалија или Јемен воопшто не би можеле да бидат изведени, информираат германските медиуми повикувајќи се на документ од американското воздухоловство. 

Германската влада, на прашање на првата програма на германската телевизија (АРД) и весникот „Зидојче цајтуинг“ нагласи дека немало никакви докази, дека напади со беспилотни летала биле планирани и изведени преку Германија.