Војната против теророт продолжува
22 мај 2007Недолжните цивилни жртви во борбата против Талибанците во Авганистан и натаму е еден од главните проблеми на НАТО Алијансата. Покрај ова извештаите и за убиства на војниците на НАТО, пред се американски, станаа секојдневна тажна рутина во САД. Имено досега повеќе од 3700 американски војници ги загубија животите во Ирак и Авганистан. И покрај ова, американскиот претседател Џорџ Буш со јасна порака, војната против теророт продолжува:
“ Ќе работиме со НАТО сојузниците за да ги убедиме дека сите заедно мора да го делиме ризикот за да ја постигнеме целта
рече Буш и додаде:
“ Мицијата во Авганистан е многу значајна за нас и нашите сојузници во Европа. Она што се случува во Авганистан се однесува на безбедноста на нашите земји. Го поздравуваме фактот дека во Авганистан е стациониран најголемиот контингент на НАТО војници и успехот во таа земја е многу значаен“ рече Буш
Првиот човек на Алијансата нагласи дека за разлика од противникот Алијансата не сече глави на невини и не изведува самоубиствени атентати. Напротив со сета сила се обидуваме да ја избегнеме смртта на недолжни цивили. Од тие причини мисијата не е доведена во прашање, нагласи Шефер и додаде
“ Авганистан сеуште е еден од првите фронтови во борбата против теророт. Затоа е многу важно сите 26 НАТО членки но и меѓународната заедница на долг рок да бидат посветени на мисијата во Авганистан. Знам дека одвреме навреме е тешко“
Шефер вели дека е постигнат одрден успех во напорите за подобра политичко економска иднина на Авганистан:
“ Кога ќе ја посетите земјата ќе видите процес на голема реконструкција и развој. Од друга страна НАТО ќе биде силен онаму каде е потребно“
Буш и Шефер разговараа за прашањето на Косово, проширувањето на НАТО и инсталирањето на антиракетниот штит во Европа. И тука Шефер и Буш демонстрираа единство:
“ НАТО алијансата и нашите сојузници ја препознаваат заканата од балистички ракети со кои сме соочени. Јас ќе продолжам да ја убедувам Русија да разбере дека ракетниот систем не е директна закана кон нејзе, туку против други земји кои и се закануваат на слободата на Европа“ изјави Буш