1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војвотката Кејт примена во породилиште, Британците во исчекување

СН/ЖА/макфакс/ртр22 јули 2013

Британските медиуми предупредуваат дека не треба да им се верува на гласините дека бебето на принцот Вилијам и војвотката Кејт е родено се' додека Бакингемската палата официјално не ја соопшти убавата вест.

https://p.dw.com/p/19BgB
Фотографија: Reuters

Кенсингтонскиот дворец потврди дека војвотката од Кембриџ, Кетрин Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, е примена во болницата на Света Марија, утрината, каде што ќе го роди своето прво дете, идниот наследник или наследничка на британскиот престол.

31-годишната Кејт е примена во приватното крило на болницата Света Марија во Педингтон (насловна фотографија) во западен Лондон, каде во 1982 година е роден нејзиниот сопруг принцот Вилијам, сега војводата од Кембриџ.

„Војвотката пристигна со автомобил од палатата Кенсингтон во болницата Света Марија со војводата од Кембриџ“, соопшти Кенсингтонската палата.

Според изјавите на претставници на палатата, ниту Вилијам и Кејт не го знаат полот на детето. Бидејќи новороденчето еден ден ќе седне на престолот на Британија, раѓањето се одвива по строго утврден протокол.

Први за раѓањето на детето ќе бидат известени кралицата, тесниот круг од кралското семејство и родителите на Кејт, а пота кралските лекари ќе потпишат известување и ќе ја известат Бакингемската палата. Истовремено во согласност со модерните времиња, оваа информација ќе биде објавена и на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.  Веста за раѓањето на кралското бебе ќе ја проследат 62 почесни плотуни од Лондонската кула и 41 плотун од Грин Парк, во близина на Бакингемската палата.

Schwangere Herzogin Kate Middleton
Војвотката од Кембриџ, Кетрин Кејт МидлтонФотографија: Reuters

Министерот за внатрешни работи ќе го извести градоначалникот на Лондон, а личниот секретар на кралицата ќе испрати известувања до гувернерите на Комонвелтот. На името на детето, сепак, ќе треба да се причека уште неколку дена. Се очекува дека светот ќе го види наследникот или наследничката на тронот, уште наредниот ден по неговото или нејзиното раѓање. Доколку породувањето биде нормално, Кејт ќе остане со детето во болницата само еден ден. По излегувањето, Вилијам и Кејт ќе излезат пред фотографите кои речиси три седмици го очекуваат тој момент логорувајќи пред главниот влез на приватното крило на болницата. Оние кои успеаја да заземат најдобра позиција на тротоарот, така, ќе имаат можноста да ја направата првата фотографија на идниот крал или кралица.

Првенчето на Вилијам и Кејт, сепак, ќе чека многу долго време додека се искачи на престолот. Медиумите проценуваат дека ако се земе предвид животниот век на Виндзор, тој или таа ќе се искачи на престолот не порано од 60 години. Но, наследникот/чката има шанса да стане првиот британски монарх во XXII век. Детето на британскиот принц Вилијам, Кетрин Војвотката од Кембриџ ќе ја носи титулата принцот или принцезата од Кембриџ, а бебето ќе го ословуваат со негово или нејзино Кралско Височество.