1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна состојба поради грип во Њујорк

ЖА/дв/дпа/ртре14 јануари 2013

Поради невообичаено голем број заболени луѓе од грип, гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, прогласи вонредна состојба од здравствени причини. Епидемијата оваа година се шири драстично.

https://p.dw.com/p/17JMv
Фотографија: Reuters

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк Ендрју Куомо прогласи вонредна состојба поради епидемијата на грип, која погоди над 19.000 лица и ги овласти докторите да ги вакцинираат и бебињата и децата, а не само возрасните. Вонредната мерка што ја презеде Куомо е поради тоа што епидемијата се прошири на територијата на целата сојузна држава, а се очекува да трае уште неколку недели.

Најмалку 29 илјади случаи на грип се регистрирани оваа сезона во САД, а 20 деца починале од болеста, соопшти Сојузниот центар за надзор и превенција од болести. Се верува дека бројката на заболени е многу поголема, бидејќи многу пациенти не се обраќаат за лекарска помош.

„Станува збор за најлоша епидемија, во најмала рака од 2009 година, а вирусот е активен на целата територија на Њујорк“, се вели во соопштението на гувернерот Куомо.

Грипот е констатиран во 47 сојузни американски држави. Само Калифорнија, Мисисипи и Хаваи засега се поштедени.

Како предизвикувач е идентификуван вирусот Х3Н2, кој предизвикува тешка форма на болеста. Антони Фауци, директор наНационалниот институт за алергии и инфективни болести, смета дека раното избивање на епидемијата не навестува ништо добро. Вообичаено, бранот грип почнува кон средината на јануари и кулминација достигнува кон крајот на февруари.