Вонредна состојба во Малезија
23 јуни 2013Нелегалното палење на шуми и делови од земјиштето на индонезискиот остров Суматра, кој е на запад од полуостровот на кој се наоѓаат Малезија и Сингапур, го предизвика загадувањето на воздухот. Палењето на земјиштето се прави за да се создаде чист простор за плантажи за производство на палмино масло. Ова претставува хроничен проблем за време на сушната сезона од јуни до септември.
Малезиските власти прогласија вонредна состојба по барање на премиерот, бидејќи индексот на загаденост на воздухот во двете провинции – Муар и Леданг, се искачил на 750, а индексот над 300 означува загаденост во воздухот која е опасна.
Поради прогласувањето на вонредната состојба ќе бидат затворени 211 училишта, а на населението му е советувано да остане дома. Во меѓувреме се дистрибуирани маски за заштита од смогот.
Загадувањето на воздухот во Малезија достигна рекордно ниво во последниве 16 години. Ветровите кои дуваат од запад во летниот период го пренесуваат чадот од соседниот остров на кој се палат пространи шумски површини. Владата објави дека ќе се обиде да создаде вештачки дожд со ндеж дека тој ќе помогне да се намали загаденоста на воздухот.