1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна состојба во Банкок

У. Шмит /дпа / Е. М. Фиданоска26 ноември 2013

По упадот на противниците на власта во министерствата за финансии и за надворешни работи, во Банкок владее вонредна состојба. Сепак, протестите и натаму се шират.

https://p.dw.com/p/1AOfl
Фотографија: Reuters

Противниците на владата сакаат да ја соборат власта, да ја истераат премиерката Јинглак Шинаватра од земјата и да спречат враќање во Тајланд на нејзиниот брат, екс-премиерот Таксин Шинаватра.

Лидерот на протестите Сутеп Таугсубан, по кого во меѓувреме власта издаде налог за апсење, вели: „Со окупирањето на министерствата испраќаме сигнал до сите Тајланѓани кои ја сакаат својата земја да се кренат и да не ја слушаат владата, да ги окупираат сите владини објекти за режимот Таксин да не може веќе да функционира.“

Таугсубан не е кој било. Тој беше заменик премиер во претходната влада и сака да се врати на власт по секоја цена. Премиерката Шинаватра на ескалацијата на состојбата во Банкок реагираше со воведување вонредна состојба. „За да се обезбеди непречено управување со земјата, за да се задржи мирот и на луѓето да им се пружи безбедност, донесовме закон за безбедност за Банкок и околните провинции“, соопшти таа. Законот овозможува воведување полициски час, може да се забранат демонстрации и од безбедносни причини да се блокираат улици. Сепак, премиерката уверува дека инсистирала на тоа „да не се употребува сила против демонстрантите“.

Thailand Antiregierungsproteste in Bangkok 25. November 2013
Протестите се ширатФотографија: Getty Images

Тоа ќе се покаже во текот на денешниот ден. Шинаватра одби да даде оставка, а демонстрантите најавија натамошна окупација на министерства. Тие во меѓувреме ги опколија и министерствата за внатрешни работи и за туризам.