1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонреден конгрес за избор на нов лидер на СДСМ

Александар Чомовски5 ноември 2006

Најголемата опозициона партија во Македонија СДСМ го започна вонредниот конгрес за избор на нов лидер и секретар на паритјата.

https://p.dw.com/p/AdbI
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Зад затворени врати во Скопје се оддржува вонреден конгрес на најголемата опозициона партија на Македонија Социјалдемократскиот сојуз. На конгресот треба да се изберан нов претседател и генерален секретар на партијата. Единствен кандидат за лидерската функција во СДСМ е Радмила Шеќеринска.

Конгресот се оддржува еден месец, откако делегатите во партијата му изгласа недоверба на поранешниот премер и досегашен партиски претседател Владо Бучковски.