1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Волерс: Добро е што Нимиц се консултира со Меркел

АТ/ миа/ дв7 ноември 2013

Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс позитивно ја оцени неодамнешата средба на посредникот во спорот со името Нимиц со канцеларката Меркел. Волерс повтори дека САД го поддржуваат процесот под водство на ОН.

https://p.dw.com/p/1ADah
Фотографија: MIA

Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Американската амбасада за разговорите помеѓу преговарачот за спорот со името Метју Нимиц и германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека го поддржуваат процесот и оти е добро што Нимиц се консултирал со Меркел.

„Имаме кажано дека го поддржуваме процесот и под раководство на Обединетите нации и поединечните разговори на амбасадорот Нимиц со засегнатите страни. И Европа е засегната, а Германија е важна држава во Европа, така што, ако амбасадорот Нимиц се консултирал со канцеларката Меркел, тоа е добро. Не ја познавам содржината на разговорот, но сигурен сум дека ја запознал со позициите на двете засегнати страни“, рече Волерс.

Во вторникот, како што објави Дојче веле, германската канцеларка Ангела Меркел се сретна на краток разговор во Берлин со Метју Нимиц, посредникот во македонско-грчкиот спор. Во соопштението на германската влада по средбата се вели дека Меркел и Нимиц се согласиле дека „пречките, доколку постои соодветна политичка волја во главните градови Атина и Скопје, би биле надминливи“. Меркел го уверила Нимиц дека германската влада ќе продолжи да го поддржува во неговата натамошна работа.

Angela Merkel und Matthew Nimetz in Berlin 05.11.2013
Ангела Меркел и Метју НимицФотографија: Bundesregierung/Denzel