Германскиот амбасадор во НАТО, Улрих Бранденбург, изјави дека спорот околу името е билатерален само до моментот кога одлуката за членство на Македонија во НАТО ќе треба да се ратификува од сите членки на алијансата.
https://p.dw.com/p/CdI2
Реклама
Улрих Бранденбург, кој денеска беше во посета на Скопје е воздржан во врска со шансите за полноправно членство на Македонија во НАТО, со оглед на регионалните случувања и решавањето на косовското прашање.