1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воздржани реакции во Иран

31 јануари 2006

Спорот околу иранската атомска програма влезе во нова рунда. Откако Кина, Русија, Франција, Велика Британија, САД и Германија синоќа се согласија во проблемот да се вклучи и Советот за безбедност, Иран денеска го потврди досегашниот курс:

https://p.dw.com/p/Ac9M
Иранските атомски постројки во Натанц
Иранските атомски постројки во НатанцФотографија: dpa

Иран не се потресе многу од изненадувачката решителност на Русите, Кинезите и целиот Запад. „Не постои никаква правна основа да бидеме изнесени пред Советот за безбедност„, изјави шефот на иранските атомски власти Агазадех. Иранските медиуми се однесуваат како ништо да не се случило.

Пладневни вести на телевизијата контролирана од државата: Најнапред за првиот ден од едномесечниот шиитски празник во спомен на убиениот трет имам Мухарам што ќе заврши со процесии и ритуални самоказнувања. Па потоа следат вести за други теми и сосема на крајот, неупадно за атомскиот спор.

Можно е иранското раководство да се наелектризира од новото единство на Западот со оние што Иран ги вбројуваше меѓу своите пријатели: Русија и Кина. Дури и да е така, во јавноста не излезе ништо. Се чини, мотото е: нема промена на курсот. Заменикот шеф на националниот совет за безбедност Јавад Ваиди го отфрла барањето Иран да го запре истражувањето за збогатување на ураниумот:

„Во никој случај не можеме да се откажеме од правото на иранскиот народ да истражува и да ја развива сопствената атомска програма„.

Значи, Иран не попушта, барем не во овој момент. Меѓутоа, Техеран се воздржува и од заканувачки тонови, иако шефот на советот за национална безбедност префлрувањето на проблемот во Њујорк го оцени како „крај на дипломатскиот пат„.

Сепак, неговиот заменик Ваиди уште вели:

„Ние соработуваме со Меѓународната агенција за атомска енергија и ќа ја продолжиме интензивната соработка со меѓународните инспектори, врз основа на меѓународните договори„.

Иран подвлекува исто така, дека и натаму е заинтересиран за преговори со Европејците, но не бесконечно. Во Техеран се вели дека дипломатско решение се уште е можно. Како треба да изгледа излезот од сегашниот ќорсокак - за тоа ниту збор.