1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воен успех или масакр?

7 септември 2009

Верзиите околу воздушниот напад врз две цистерни со нафта во Кундус побаран од страна на Бундесверот се разликуваат значително. Бројот на жртви е голем, прашање е колку од нив се цивили. Владата во Берлин е под притисок.

https://p.dw.com/p/JTZi
Војници на Бундесверот по нападот кај КундусФотографија: AP

Информациите околу катастрофалниот воздушен напад кај Кундус, побаран од страна на Бундесверот многу се разликуваат. Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг настојчиво говори за 56 жртви и 12 повредени лица во нападот на НАТО што се случи во петокот на барање на германскиот Бундесвер. „Извештајот вели дека тие биле исклучиво Талибанци,“ истакна Јунг.

Од друга страна американскиот весник „Вашингтон пост“ повикувајќи се на извори во тим на НАТО, којшто спроведува истрага на лице место известува за 125 загинати меѓу нив најмалку дваесетина цивили. Командата за бомбардирање на двете цистерни била донесена врз основа на разузнувачките фотографии снимени од воздух и била поддржана од исказот на само еден единствен авганистански информант. „Досега не можам да ги потврдам таквите информации, но ние се залагаме за тоа случајот да биде стручно разјаснет, и јасно да се види дека во случајот преку двете цистерни полни со бензин постоела голама закана за нашите војници и поради тоа било потребна одбрана од опасноста“ , истакна Јунг.

Меркел вети итно разјаснување на инцидентот

Afghanistan Verletzete in Kundus nach NATO Luftangriff
Повредени во нападот кај КундусФотографија: AP

Европската Унија говореше за „трагедија“. Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд како претседавач со ЕУ изјави: „Нема да ја добиеме оваа војна, ако убиваме.“ Министерот за надворешни работи на Франција Бернард Кушнер зборуваше за голема грешка, а шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро истакна дека нападот е неприфатлив.

Германската канцеларка Ангела Меркел вети брзо разјаснување на инцидентот. Таа истакна дека нејзината влада се залага тим на НАТО брзо и сеопфатно да ги истражи случајот и да утврди дали имало цивилни жртви. „Ако имало цивилни жртви, тогаш нормално длабоко ќе жалам за тоа. Знаете дека нашата севкупна стратегија во Авганистан е насочена кон тоа да ја стекнеме довербата на населението“, истакна Меркел.

Германија го губи угледот

И на внатрешно политички план расте притисокот врз германската влада и особено министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг.

Jung 060909 Kopie.jpg
Цен на критики- Франц Јозеф Јунг, германски министер за одбранаФотографија: AP

„Во меѓувреме Германија е целосно изолирана во рамките на ЕУ. Министерот за одбрана и натаму говори дека таму не биле убиени цивили. Госпоѓа Меркел мора полека да се погрижи за тоа Германија да не губи и натаму од својот углед,“ истакна претставникот на партијата на Зелените, Јирген Тритин. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер побара итно разјаснување на случајот, додека пак партијата на Левицата итна седница на Бундестагот.

Најавена конференција за Авганистан

На заедничка прес-конференција со британскиот премир Гордон Браун во Берлин, германската канцелартка Ангела Меркел најави одржување на меѓународна конференција за Авганистан, која би требало да се одржи оваа година. На неа меѓу другото треба да биде разјаснето колку војници во иднина се потребни во Авганистан и колку авганистански полицајци треба да бидат обучени. Таа доби поддршка од британскиот премиер Гордон Браун: „Ние исто така ја поддржуваме конференцијата, на која ќе учествуваат идната авганистанска влада, ОН, НАТО и сите важни земји кои придонесуваат за стабилноста и развојот на Авганистан. На неа треба да ја разгледаме наредната фаза од нашата мисија, и да видиме како треба да оди натаму во три области: безбедноста, управувањето и развојот,“ истакна Браун во Берлин.

Автор: СН/ЖА/дв

Редактор: Александра Трајковска