Воен авион се урна во Сомалија
9 август 2013Четири лица загинаа денеска (09.08) во несреќата на етиопискиот воен авион на аеродромот во сомалиската престолнина Могадишу. Авионот со шестчлениот екипаж превезувал муниција и оружје за мировните сили на Африканската унија во Сомалија. Двајца од членовите на екипажот се спасени, а аеродромот е затворен. Не е позната причината за несреќата на авионот. Според првичните информации авионот извршил тешко слетување и експлодирал. На пожарникарите им биле потребни два часа за да го изгаснат пожарот. Авионот припаѓа на Етиопија, а иако оваа држава не учествува во мировните сили на Африканската унија, ја помага воено Сомалија во борбата против милитантните групи, блиски до Ал Каеда. Етиопија од 2011 година испраќа трупи во Сомалија. На аеродромот во Могадишу редовно слетуваат воени авиони, тој е станица на мировните сили на Африканската унија. Во Сомалија веќе две децении трае конфликтот меѓу владата и воените групи. Во поседно време безбедносната ситуација во Могадишу е подобрена.