1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

020709 Amnesty Gaza

2 јули 2009

Воената офанзива на Израел во појасот Газа пред половина година беша акт на разурнувачки гнев со свесно прифаќање на голем број цивилни жртви. Ваков заклучок извлекува Амнестести Интернешнл во последниот извештај.

https://p.dw.com/p/IfXZ
Фотографија: AP/DW-Grafik

На 117 страници од извештајот на организацијата за заштита на човековите права се документирани убиствата и разурнувањата во појасот Газа за време на операцијата „Леано железо“ која траеше 22 дена.

Нападите во појасот Газа беа со незапаметен обем и интензитет, се вели во извештајот на Амнести интернешнл. Во нив имаше 1400 жртви, меѓу кои стотици цивили и најмалку 300 деца.

Беспилотни летала како оружје

Стотици објекти беа разурнати а илјадници граѓани на Газа остана без своите домови. За ваков разурнувачки гнев не постои воено оправдување. Напротив, соработниците на Амнести Интернешнл кои престојуваа во Газа пронајдоа докази дека разурнувањата биле неосновани и честопати последица од нив била смртта на недолжни цивили.

Israel greift Hamas an
Фотографија: AP

Други жртви цивили биле убиени со прецизни оружја, кои Израел вообичаено ги користи при таканаречените целни убиства, се вели во извештајот на Амнести Инртенешнл . Ова одговара и на резултатите од истрагата кои пред два дена ги претстави организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч . Таа се занимаваше со таканаречените дронови- беспилотни летала , кои вообичаено се користат за разузнувачки мисии , но во појасот Газа биле користени како оружје.

„ За време на операцијата „Леано олово“ израелската армија со користење на дронови убила најмалку 87 лица. Овие оружја се најпрецизните оружја кои во својот арсенал ги има некоја армија“, вели Марк Гарласко експерт за оружје од Хјуман Рајтс Воч.

Меѓународната заедница да реагира на вистината

Палестинските лекар и политичар Мустафа Баргути вели дека Израел во појасот Газа е виновен за тешки воени злосторства. Тој во интервју за телевизијата Ал Џазира го обвини Израел дека напаѓал цивилни цели и ги спречувал лекарите и болничарите во згрижувањето на повредените а покрај тоа употребувал и нелегално оружје какво што се фосфорните бомби.

Израел точно знае дека ги извршил овие воени злосторствата и затоа се спротиставува на истрагите на меѓународните организации, истакнува Баргути додавајќи:

„ Се’ што сакаме е вистината. Но сакаме и меѓународната заедница да реагира на оваа вистина. Неприфатливо е на Израел да му биде дозволено да се однесува како да стои над меѓународното право“.

Амнести Интернешнл ја истражуваше состојбата и во јужен Израел. Таму за време на воената офанзива завршија стотици мали ракети испукани од палестинските милитанти во појасот Газа. Во овие напади загинаа тројца израелски цивили.

Автор: Бетина Маркс/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска