1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воената хунта под притисок

24 септември 2007

Протестите на монасите во Рангун продолжуваат,а кон нив се придружуваат се повеќе жители на главниот град на Бурма.Со тоа владата на југоисточната азиска држава е под се поголем притисок.

https://p.dw.com/p/Biqx
Фотографија: AP

Кога поворката со демонстранти на викендот помина пред куќата на Аунг Сан Су Куи,носителакта на Нобеловата награда за мир излезе со солзи во очите, раководителката на опозицијата со години е во куќен притвор,а нејзината куќа беше опколена од полицијата додека по улиците се движеа монасите.

Повеќе од 3 илјади монаси во мирен марш,со молчење,поминаа низ улиците на стариот главен град Рангун.Според очевидци,на улиците биле собрани околу 10 илјади луѓе.Тоа е најголемиот протест од соборувањето на Демократското движење во Бурма во 1988 година.

Повод-растечките цени

Демонстрациите на монасите , кои добиваат во интензитет се насочени против зголемувањето на цените на бензинот и другите производи,тие се повеќе ја притеснуваат воената хунта во Бурма.Додека официјалните протести во нормален случај веднаш се задушувани,оние на монасите не може лесно да бидат запрени,зашто тие уживаат голема поддршка кај народот.Бурманот во егзил,Аунг Наиг ОО за австралиското радио изјави:

„Животот на монасите е непосредно поврзан со луѓето во земјата,со нивната економска состојба.Монасите се зависни од населението.Тие одат низ земјата и се молат,добиваат храна.Ако луѓето во Бурма страдаат,тоа го чувствуваат и монасите.“

Снабдувањето во земјата-очајно

Од пред еден месец цените на бензинот без предупредување се двојно зголемени.Снабдувањето пак е катастрофално,секое трето дете е неухрането.Шефот на Програмата за развој на ОН во Бурма,Чарлс Петри вели:

„На луѓето им е се потешко да го обезбедуваат снабдувањето со животни производи.Се почесто сме сведоци на економски и социјални итни случаи.Стресот и чувствителнсота кај народот растат.“

Сојузот на монасите соопшти дека протестите ќе продолжат се додека не доведат до пад на воениот режим.

Додека притосокот во земјата расте,однадвор ,барем од соседните држави и од ОН,воената власт нема од што да стравува.Голем број држави од АСЕАН и натаму тргуваат со Бурма,воздржувајќи се од критика . Кина и Русија ја блокираа со вето во ОН предлог резолуцијата против воената хунта од страна на САД.