1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Внимание: измама!

12 јули 2005

Годишен одмор на Мајорка, сосема нов автомобил или ВИП-билети за трка на Формула еден. Кој не сака вакви добивки? Притоа е толку лесно да се учествува во наградните игри: едноставно преку Интернет се испраќаат неколку бројки, се исполнува и-мејл и веќе сте учесник. Подеднакво лесно бесплатно се добиваат пробни производи. Но, внимание: многу од овие понуди не се без ризик и последици. Следуваат деталите:

https://p.dw.com/p/AeOP

„Возбудата е супер„ во моментов е најпознатото рекламно мото во Германија. Многумина потрошувачи се обидуваат на таков начин да заштедат, ако може. Други пак сакаат до производите да стигнат за џабе. Некои од понудувачите токму нив ги имаат како целна група и на своите веб-страници нудат наводно бесплатни производи. Репертоарот е широк: од накит и козметика до абонирање списанија. На пример, оној што ќе ја отвори страницата „Бесплатно.де-е„ може да избира од многу широка палета. Кога некој ќе побара производи, мора на понудувачот да му дадат голем број лични податоци за бесплатно да му бидат испратени бараните производи. Колку и да звучи привлечно ваквата понуда, сепак заштитниците на потрошувачите предупредуваат на злоупотреба на податоците. Георг Триба од централата во Северна Рајна Вестфалија предупредува на неконтролирано предавање на податоците на други:

„Често наградните игри и другите понуди само служат за собирање податоци. За порошувачите тоа може да значи во иднина да добиваат многу повеќе рекламен материјал. Било преку и-мејл или во поштенското сандуче„.

И Рејмонд Виземан од фирмата „Валудо„, понудувач од „Бесплатно.де-е„ знае за нервозата и лутењето на поторшувачите поради давањето на нивните податоци:

„Обвинувањата се секако оправдани. Луѓето сепак, не ги даваат своите податоци кај нас, туку кај оние што ставаат на располагање производи на проба. Тој што го сака тоа ќе се најде во непријатна ситуација да ја даде својата адреса, зашто инаку производот не може да му биде испратен. Истото важи и ако се освои награда„.

Од една страна, „Валудо„ на заинтересираните фирми им нуди на продажба преку 500 илјади адреси. Од друга Виземан предупредува на лекомислено давање на личните податоци:

„Мислиме дека секогаш мора да се настапува со извесна претпазливост. Ако ги погледате нашите страници, ќе видите дека имаме подрачје на типови и трикови кои точно опишуваат на што мора да се внимава и дека не треба да се дава повеќе од неопходното. Пред се треба да помислат дали производот што се нуди вреди колку податоците што треба да му се дадат на понудвувачот„.

Георг Триба до службата за заштита на потрошувачите нагласено ги предупредува оние што сакаат да заштедат пред понудувачите кои преку интернет наводно даваат бесплатни производи:

„Во време кога наводно ’возбудата е супер’, на ваквите страници се ветуваат чуда. Најчесто е поинаку: зад тоа не се крие ништо посебно. Многу понуди се подобри и дури поефтини„.

Тоа значи: таквата стока, без да мора да се даде сопствената адреса, се добива директно во продавниците.