1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Влијателниот водач Ал Хаким во Вашингтон

5 декември 2006

Претседателот на најголемата ирачка владина партија, Абдул Азис ал Хаким ја повика САД на поостар пристап против бунтовниците во неговатат земја. Според него тоа е единствен начин да се сопре опасноста од граѓанска војна во Ирак. Ал Хаким ова го побара при неговата посета на САД, каде од американскиот претседател Џорџ Буш доби и уверување дека владата на ирачкиот премиер Нури Ал Малики и натаму ќе ја има по

https://p.dw.com/p/Ac1B
Абдел Азис ал Хаким во Вашингтон
Абдел Азис ал Хаким во ВашингтонФотографија: AP

ддршката на Америка.

Два дена пред да биде поднесен извештајот на независната американска експертска комисија за ирачката политика на САД, претседателот Џорџ Буш во Белата куќа се сретна со водачот на ирачките Шиити Абдул Азис ал Хаким. Ал Хаким, кој раководи со Високиот совет на Исламската Револуција во Ирак, пријателски настроен кон Иран, е ривал на Шиитскиот водач Мокдата ел Садар, уште едан од клучните фугури во религиозно мотивираното насилство во Ирак. На средбата со америакснкиот претседател Ал Хаким нагласи дека ситуацијата во земјата би требало да биде решена од страна на Ирачаните со помош на пријателите од целиот свет.

Став за кој поддршка доби и од американскиот претседаел Џорџ Буш. „Многу ја ценам неговата заложба за влада на единство. Го охрабрив дека Соединетите Држави ќе пружат поддршка за неговата работа и работата на премиерот за обединување на земјата. Дел од обединувањето на Ирак, за избраните лидери и лидерите во општеството е да ги отфрлат екстремистите кои се обидуваат да го сопрат напредокот на оваа млада демократија.“ истакна Буш. Кој на средбата со Ал Хаким во Вашингтон изрази и незадоволство со ескалацијата на насилствотот во Ирак.