Владо Бучковски нема веќе прaтeнички имунитет?!
2 август 2007Празничната атмосфера е засенета со постапките во рамките на истрагата за случајот со корупција во врска со набавката на резервни делови за тенкови пред неколку години.
Кривична пријава сега е поднесена и против поранешниот премиер и во два наврати министер за одбрана Владо Бучковски, откако претходно во притвор се најде и поранешниот началник на генералштабот на македонската армија Методи Стамболиски. Пратениците од власта гласаа за симунување на имунитетот на пратеникот Владо Бучковски, а седницата на Мандатно-имунитетната собраниска комисија беше прекината рано изутрината. Сопартијците на Бучковски од СДСМ и останатите опозиционери ја оспорија одлуката како нелегитимна и со 20 пратенички потписи побараа денеска да се одржи итна вонредна седница на која парламентот ќе расправа за случајот.
Судот го товари Владо Бучковски за злоупотреба на функцијата со што ја оштетил државата за околу 3 милиони евра во времето кога бил министер за одбрана.