Владина платформа за надворешно - политичките приоритети
25 јули 2008Реклама
На почетокот на август се очекува да продолжат македонско - грчките преговори за решавање на спорот со името. Македонскиот премиер Никола Груевски во меѓувреме ја промовира владината платформа чии надворешно политички проиритети се зачувување на уставното име и бескомпромисно решение кое нема да го загрози македонскиот национален идентитет. Со таа платформа е запознаен и коалициониот партнер ДУИ и неговиот шеф Али Ахмети.