Владина кампања за развој на информатичката технологија
19 јуни 2007Анкетите покажуваат зголемување на бројот на корисници на интернет и на домаќинства кои поседуваат комјутери но Македонија и натаму е далеку зад европските стандарди. По бројот на интернет корисници е само пред Албанија а според опременоста на домаќинствата со компјутер и пред Србија и Црна Гора. Граѓаните се жалаат дека интернетот им е тешко достапен поради вискоките цени за конекција.
„Мислам дека е скапо,мислам дека за наши услови треба да биде поевтино“, вели еден од граѓаните.
Последното истражување нарачано од американскиот фонд за развој покажува дека секој трет македонски граѓанин редовно користи интернет а секој втор знае да работи со компјутер. Усаид со проектот „Македонија се поврзува“ ја стимулира употребата на интернет. Љупчо Тагасовски одговорен од МК конект ги објаснува целите на проектот:
„Да се создаде доволно ниска цена и да се создадат доволно мотиви за тој интернет да опстои и откако проектот ќе заврши.“
Високите цени се сметаат за главна причина поради која Македонија заостанува зад европските но и зад земјите од регионот во користењето на глобалната комјутерска мрежа. Александар Билбилов од МК конект го прифаќа таквото објаснување но смета дека е неопходна и поголема едукација на граѓаните.
„Мислам дека се сеќавате кои беа цените пред две три години,а кои се денеска.Во најскоро време исто така преку нашиот проект ќе бидат достапни бесплатни курсеви за употреба на компјутери и софтвер за секој кој има компјутер и пристпат на интернет и кој сака да научи нешто повеќе.“
До 24 јуни македонските граѓани можат бесплатно да сурфаат на интернет. Корисниците иако се жалат дека прикачувањето на мрежата оди бавно ја поздравуваат владината кампања. Министерот за информатичка технологија Иво Ивановски најавува и акција за комјутерска едукација на граѓаните.
„За запознавање на основите на информатично комуникациските технологии,основни работи,хардвери,софтвери како и канцелариско употребување.На оваа одлука се запишаа 22 500 граѓани.“
Најголем број од луѓето користат комјутер за работа, па за игри и на трето место е за интернет. Комјутерски неписмени се 32 проценти од популацијата во Македонија.