1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владимир Кличко обедини пет титули

3 јули 2011

По вчерашната пресметка во Хамбург, Украинецот Владимир Кличко го победи Дејвид Хеј од Велика Британија, но не успеа да го оствари 50 нокаут во кариерата.

https://p.dw.com/p/11o6l
Фотографија: picture-alliance/dpa

Украинскиот боксер Владимир Кличко ја потврди доминацијата во тешка категорија, откако на поени, со едногласна одлука на судиите, го победи Британецот Дејвид Хеј. По 12 рунди на боксерскиот спектакл во Хамбург, тројцата судии му дадоа голема предност на Кличко, со што тој ги обедини титулите во пет верзии. Прецизната статистика покажува дека Кличко 99 пати го погоди својот противник, додека Хеј упати 57 удари кон Кличко.

Автор: ТТ/СН/макфакс

Редактор: Симе Недевски