1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владеачкото мнозинство во отворен судир со претседателот

7 август 2008

Уставниот суд во Македонија се прогласува за ненадлежен да го реши спорот околу законите за кои претседателот Црвенковски не потпиша указ за донесување. Правните аналитичари поделени во оценките за ситуацијата.

https://p.dw.com/p/ErwV
Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Малку ми е чудно објаснувањето дека неприсуството на опозицијата е причина да не се потпишат законите. Да речеме, во периодот 1994-1998 кога немаше опозиција во парламентот, се донесе и законот за приватизација“, изјави премиерот Никола Груевски.