1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата и ЗНМ договорија декриминализација на клеветата

24 февруари 2012

Македонската влада и ЗНМ денеска постигнаа договор за декриминализација на делата клевета и навреда. Во иднина оваа материја ќе се регулира со посебен граѓански закон, чии одредби дополнително ќе бидат прецизирани.

https://p.dw.com/p/149VW
Претседателот на ЗНМ, Насер СелманиФотографија: Petr Stojanovski

Како што објавија на прес-конференција вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и претседателот на ЗНМ Насер Селмани клеветата и навредата ќе бидат тргнати од Кривичниот законик, а оваа материја ќе се регулира со посебен граѓански закон.

Арифи истакна дека за една недела тие ќе излезат со попрецизирани одредби во оваа насока. Дополнително претседателот на ЗНМ појасни дека ќе треба да се договорат казните што ќе се однесуваат на евентуални случаи по тужби за новинарите.

На денешната средба во Владата покрај вицепремиерката Арифи присуствуваа и министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски, за правда, за информатичко општество и администрација, за труд и социјална политика, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Блерим Беџети, Иво Ивановски, Спиро Ристовски и претставници на Здружението на новинарите.

Автор: БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска