Владата го продолжи мандатот на Бундесверот во Либан
23 август 2007Реклама
Ангажманот на германската армија во Либан ќе биде продолжен за уште една година. Германската влада одлучи да го продолжи мандатот на Бундесверот се до септември 2008-ма година но истовремено го намали максималниот број на војници од 2400 на 1400. Либанската армија се повеќе е во состојба самата да ја преземе одоговорноста за заштита на границите и крајбрежјето на земјата –изјави портпарол на германската влада во Берлин . Се смета за сигурно дека германскиот Бундестаг во септември ќе ја потврди оваа одлука на владата . Германските војници инаку во рамките на мисијата на ОН УНИФИЛ во Либан пред се се ангажирани во спречувањето на шверцот на оружје за радикално-исламистичката организација Хезболах пред брегот на Либан.