1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Високи очекувања од посетата на папата на Куба

Роза Муноз Лима/ Жана Ацеска26 март 2012

Папата Бенедикт Шеснаесетти доаѓа во посета на Куба, земја во фаза на промени. Сите желби и очекувања на верниците и опозицијата тој сепак нема да може да ги исполни.

https://p.dw.com/p/14SDw
Фотографија: picture-alliance/dpa

На Куба се‘уште се живи сеќавањата на посетата на папата Јован Павле втори во 1998-ма година на Божик, единствениот верски празник на островот. Тој ги зацврсти тогаш пресно обвновените односи меѓу црквата и државата, го осуди оруженото ембарго на САД и од тогашниот претседател Фидел Кастро побара ослободување на стотина политички затвореници.

Посетата на Јован Павле втори секако може да се нарече историска. Што ќе донесе посетата на сегашниот папа?

Warten auf den Papstbesuch in Kuba
Во очекување на папата...Фотографија: picture-alliance/dpa

Враќање на црквата

Бенедикт Шеснаесетти на Куба стигнува како „аџија на милосрдието“, за да присуствува на 400-годишниот јубилеј од појавувањето на Девицата од Кобре, заштитничка на Кубанците. Но, папата ќе се сретне и со шефот на државата, Раул Кастро. Притоа, како што забележува Лопез Леви, политиколог од Универзитетот Денвер, папата во Куба ќе се соочи со поинаква ситуација од неговиот претходник. Односите меѓу државата и црквата се многу подобрени во однос на 80-те години. Фиделовиот брат и наследник, Раул, има помала харизма, но е поборник на институционален ред: Куба моментно поминува низ фаза на промена на економскиот и политичкиот систем.

Во средиштето на реформите е и католичката црква, која своето место во кубанското општетсвото го бара низ засилени социјални ангажмани, што со децении и‘ беше забрането. Црквата сега, со премолчено одобрение на режимот, полека но сигурно повторно ги освојува сегментите од кои беше протерана со доаѓањето на власт на комунистите кон крајот на 50-те години на минатиот век: образованието, издаваштвото и медиумите. Црквата се покажа и како важен фактор во неодамнешното ослободување поголем број политички затвореници.

Посетата на папата буди ентузијазам и љубопитство кај кубанскиот народ, кој, како што вели генералниот викар со седиште во Хавана, Карлос Мануел де Кесперас, „е длабоко религиозен, но само во мал дел католички“.

Црковните власти навистина тврдат дека 60 проценти од 11,2 милиони Кубанци се крстени, но дека црква редовно посетуваат само 5 проценти. Во секојдневието на Куба религиите се мешаат: католичката со протестанската, еврејската и спиритистичката со православната, дури и со одреден број муслимани и верници со африканско потекло и религии.

Galerie Papst Benedikt XVI. besucht Mexiko und Kuba
Голем интерес за посетата на папата на МексикоФотографија: picture-alliance/dpa

Но, ниедна од овие религии институационално не е толку силна како католичката црква. Затоа и не чуди што Ватикан успеа да се избори за посебен статус при посетата на папата Бенедикт Шеснаесетти. Така верниците кои работата во јавните служби на денот на одржувањето на мисите на отворено денеска и на 28-март ќе имаат слободен ден. Како и во секоја земја која ја посетува папата, се слушаат и критики на тема абортус, контрацепција или истополови бракови. Но, во споредба со другите земји во Латинска Америка, како Бразил или Мексико, овде критиката е потивка, Кубанската опозиција сепак очекува папата во своите обраќања кон верниците и во средбите со претставниците на режимот, јасно да се заземе за почитување на човековите права на Куба.

Црквата дише со народот

Посетата на Бенедикт Шеснаесетти, како што вели Лопез Леви, пред се‘ се доживува како симбол на поголеми верски слободи и политички плурализам. Кон тоа придонесува и фактот што католичката црква на Куба „дише заедно во духот на земјата“. Така, таа се ангажира за политичко и економско отворање, но истовремено и за задржување на образованите и здравствени привилегии за граѓаните. Католичката црква исто така е против секакво мешање од САД или ЕУ во кубанското секојдневие.