Вилхелм: со победа во светскиот куп точка зад величествената сезона
27 март 2006Реклама
Севкупната победа во Светскиот куп на биатлонките годинава уште пред една недела ја обезбеди Кати Вилхелм, но олимписката шампионка не е заситена од победи. Во Холменколен кај Осло победи во трката со поединечен старт. „Знам, многу постигнав годинава и сега не морам никому ништо да докажувам и можеби тоа едноставно ми ја направи работата уште попријатна и полесна“ – рече Кати Вилхелм.