1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

050411 Hannover Messe Megacities

8 април 2011

Сосем нова во програмата на индустрискиот саем во Хановер е манифестацијата „Метрополитен солушнс“. Во неа се прикажани визии за животот во иднина во огромни населени центри.

https://p.dw.com/p/10o5N
Нови решенија за мегалополисите

Визиите за животот во иднина на „Метрополитен солушн“ опфаќаат: како може да се организира снабдувањето со енергија со помош на интелигентни мрежи, како би можела да изгледа инфраструктурата на иднината, како зградите да бидат енергетски поефективни, и како во иднина полесно да се излезе на крај со сметот, отпадните води и со проблемот со снабдување со вода за пиење.

Сметот не е само ѓубре, туку во него се крие и големо количество енергија. При согорувањето на сметот, што се практикува со децении, најголемиот дел од таа енергија се губи. Фирмата „Имтех“ нуди нова технологија, што ја објаснува Петер Ејлерс:

„Ние не го согоруваме сметот, туку го фракционираме - ги вадиме вредните елементи од него, а од преостанатите материи добиваме горива. Значи, ние не вршиме директно согорување, туку произведуваме горива кои потоа можат да се користат во други постројки“.

Von Feuerland nach Tijuana
Фотографија: DW-TV

„Сименс“, пак, прикажува модел на куќа на иднината. Таа не само што троши, ами и произведува енергија. Вишокот енергија го упатува во дистрибутивната мрежа. Во концернот пресметале дека речиси 40 проценти од светската потрошувачка на енергија отпаѓаат на згради.

Околу 900 милиони луѓе немаат пристап до вода за пиење. Чистата вода и обработката на отпадните води се исто така тема на саемот во Хановер. Но, како мега-градовите со повеќе од десет милиони жители во земјите во развој да си ја дозволат скапата технологија? И за тоа станува збор на саемот.

06.2009 DW-TRANSTEL Megacities_A.jpg

„За да ја направиме подостапна, Светската банка го креира фондот „Клин инвестмент“, токму за да се премости јазот меѓу трошоците и можностите на корисниците, кои треба да ги платат тие трошоци“, укажа Адриана де Агинага од Светската банка.

Автор: Михаел Ветцел/Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска