„Виза! Нема шанса!“
23 јануари 2009Протестот е во рамки на акцијата „Виза! Нема шанса!“ што ја спроведе група од неколку десетини младински здруженија и студентски организации. Студентите со поставување ограда, што симболично ја претставува границата, го покажуваат чувството на гетоизираност поради шенгенската визна бариера која им ја отежнува соработката со нивните колеги од државите членки на ЕУ. На 27 јануари, македонска студентска делегација ќе ги пренесе своите барања за што побрзо укинување на визниот режим и во кабинетот на Еврокомесарот за проширување, Оли Рен.
Македонските власти очекуваат одлуката за укинување на системот на визите да мине низ сите инстанци на ЕУ до крајот на 2009 година.
Дека визите ќе се укинат во текот на годинава се надеваат и граѓаните на Дебар. Колку безвизното патување е полесно и што се‘ овозможува, можеа да почувствуваат малку кога беа укинати визите за Албанија, на пример.