Вечната борба против затајувањето данок во Грција
26 октомври 2012
Најголемите затајувачи и должат на државата вкупно 13 милијарди евра, а таа досега успеала да наплати само 19 милиони евра.
Во текот на изминатите години сепак нешто е направено во однос на затајувањето на данокот во Грција. Даночната управа е опремена дигитално. Во периодот од 2010. до 2012. година се наплатени казни во висина од 12 милијарди евра. Повеќе десетици еминентни личности, дури и еден поранешен министер, се уапсени и префрлени во затвор поради нивните даночни долгови или обвинувања за корупција, а до пред 5 години сето тоа беше незамисливо во Грција.
Листа на срамот
Меѓутоа, во меѓувреме даночните истраги се соочуваат со ѓаволски круг во вид на долгови и рецесија, смета експертот за даночни прашања Антонис Муцакис. Според неговите зборови, многу должници кои некогаш имале успешни фирми, во меѓувреме банкротирале и пријавиле стечај. Од нив не може ништо да се земе. Од друга страна, рецесијата не може да биде единствено оправдание за собирањето на данок, кое стагнира. И пред кризата имаше многу проблеми кои му се припишуваат на грчкиот даночен систем. Тоа се застарените структури, проблеми во организацијата и малиот број луѓе на важни позиции во управата. Искусните и способните луѓе се‘ повеќе одат во пензија.
Во моментов е актуелна т.н. „листа на срамот“ која соддржи имиња и броеви на жиро сметки на затајувачите на данок. Постои и листа на грчки сопственици на банкарски сметки во Швајцарија, која поранешниот министер за финансии Папаконстатину ја добил од сегашната шефица на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард уште во 2010. година. Тука е и уште една листа од 30 грчки политичари осомничени за незаконско богатење. Но, се наведуваат и банковните сметки на богатите Грци кои, поради кризата, вложиле милијарди евра во недвижности во Лондон. Секако, мора да се разјасни дали сето тоа е точно, а потоа да се тргне во акција со цел граѓаните да можат да добијат чувство дека државата сериозно се пресметува со затајувачите на данок, вели Муцакис и заклучува: „Многумина во нашата земја почнаа да се прашуваат поради што всушност плаќаат данок на државата? Но, државата тоа сме ние самите“.
Смартфон апликации за корупција
За третман во болница мора да се плати мито. Корупцијата е, всушност, пат кој води кон затајување на данок, вели информатичарот Макис Антипас. Тој на, оригинален начин се залага за даночна правда и за транспарентност. Така на неговата интернет страница www.teleiakaipavla.gr секој Грк може да го напише своето искуство кога станува збор за корупцијата и за подмитувањето. „Ние сакаме да знаеме во кои се болници мора да му се плати на лекарот за операција, или воопшто во која служба, кои се тие што бараат мито“, вели на Антипас.
На веб страницата за само еден месец веќе се регистрираа 70 индивидуални корисници. Сега информатичарот Антипас и неговите соработници развиваат иноватнивни апликации кои треба им го направат тежок животот на корумпираните службеници и на затајувачите на данок
„Сонуваме за апликација,која секому ќе му овозможи од сопствениот смартфон директно да пријави случај на корупција“. Пред закажаниот термин во државните служби секој преку смартфонот ќе може да провери дали конкретен службеник бил вплеткан во корупциска афера“. „Како нареден чекор сакаме засилено да и‘ се посветиме и на темата затајување данок“, вели атинскиот програмер.