1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле: Глигоров е високо ценет во Германија

5 јануари 2012

На споменот на претседателот Глигоров и во Германија ќе се оддава високо почитување, наведува Вестервеле во телеграмата.

https://p.dw.com/p/13eiw
Гидо ВестервелеФотографија: dapd

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, упати телеграма со сочувство по повод смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.

„Претседателот Глигоров има големи заслуги за патот на Вашата земја во независноста и даде значаен придонес за нејзиниот мирен развој во првата декада на независноста. Благодарение на неговиот личен висок углед тој на меѓународното значење на македонската држава му даде свое обележје“.

„Киро Глигоров е високо ценет во Германија. За време на неговото долго претседателство беа положени темелите за добрите и плодни германско-македонски односи во полза на двете земји. Вашата земја изгуби значаен политичар, загуба која од многу луѓе внатре и надвор од земјата се почувствува како многу болна. Ве уверувам дека на споменот на претседателот Глигоров и во Германија ќе се оддава високо почитување“, се вели во телеграмата што денеска ја објави германската Амбасада во Скопје.

Giorgio Napolitano zum Präsident Italiens gewählt
Џорџо НаполитаноФотографија: AP

Сочуство по повод смртта на Глигоров денеска изрази и италијанскиот претседател Џорџо Наполитано.

„Во духот на големото и искрено пријателство кое ги поврзува нашите две земји и во сеќавање на заложбата на Киро Глигоров како прв Претседател на независна Македонија, која успеа да ја одржи далеку од ужасното насилство кое се разви во поранешна Југославија, ве молам да ги примите, во мое лично име и во име на целиот италијански народ, изразите на најискрено сочувство“, истакнува Наполитано.

Автор: БГ/миа

Редактор: Жана Ацеска