Вестервеле во посета на Либија
8 јануари 2012Дваипол месеци по смртта на поранешниот либиски властодржец Моамер ел-Гадафи, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска ќе престојува во Триполи. Во либискиот главен град Вестервеле ќе оствари средба со шефот на преодната влада во Либија Абдурахим ал-Киб и со неговиот либиски колега по функција Ашур бин Џајал Киб. Покрај тоа, германскиот министер ќе се сретне и со Либијци повредени во граѓанската војна во земјата, кои беа лекувани во Германија.
Вестервеле, освен за обновата на земјата, со своите либиски соговорници ќе зборува и за напрегнатата безбедносна состојба во земјата по соборувањето од власт и убиството на Гадафи, како и за иднината на демократизацијата на Либија.
Вчера, на почетокот од неговата тридневна северноафриканска турнеја, Гидо Вестервеле претстојуваше во Алжир. Тој притоа ги охрабри тамошните власти за натамошни политички реформи и се заложи за продлабочување на билатералните економски односи.
Вечерва од Либија Вестервеле заминува во Тунис , кадешто пред околу една година започна т.н „Арапска пролет“.
Автор:СН/ЕМФ/дпа/дапд
Редактор: Е. М. Фиданоска