1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вердер и Леверкузен четвртфиналисти во УЕФА

15 март 2007

Германските бундеслигаши Вердер Бремен и Баер Леверкузен си обезбедија место во четвртфиналето од купот на УЕФА.

https://p.dw.com/p/AegQ
Логото на УЕФА
Логото на УЕФАФотографија: dpa Zentralbild

Бремен доби виза на домашен терен со победата од 2:0 над Селта Виго од Шпанија. И Баер Леверкузен со убедливата победа од 3:0 пред домашната публика ја надомести разликата во голови од претходниот меч кога од францускиот тим Ленс загуби 2:1. Со оваа победа Леверкузен прв пат по 12 години повторно се најде во четвртфиналето на престижниот куп. Нивниот тренер Михаел Скибе задоволен:

„Им дозволивме на противниците да имаат одлична гол шанса во првите десет минути, но Рене Адлер добро се држеше. Потоа ја земавме играта во свои раце и игравме одлично. Супер беше.“