1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венецуела: Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата

СН/емф/епд/миа/афп22 февруари 2014

Протестите на студентите и на други приврзеници на опозицијата во Венецуела продолжуваат. Се јавува за судири меѓу демонстрантите и полицијата и армијата во престолнината Каракас и во бројни други градови во земјата.

https://p.dw.com/p/1BDml
Фотографија: DW/Oscar Schlenker

Опозицијата во Венецуела за денеска (22.02) во главниот град Каракас најави голем протестен марш против претседателот Николас Мадуро. Незадоволството на демонстрантите е насочено против високата инфлација, распространетата корупција и растечкиот криминал. Во текот на вчерашните демонстрации во Каракас дојде до судири меѓу безбедносните сили и учесниците на протестот, во кои повторно беа употребени солзавец и гумени куршуми. Според официјалните информации, во протестите кои траат веќе две недели загинале најмалку осум лица, 137 се повредени и повеќе од 100 уапсени.

САД остро го осудија постапувањето на безбедносните сили против демонстрантите. Американскиот државен секретар Џон Кери вчера изрази загриженост од состојбата во Венецуела,

„Со растечка загриженост ја следам ситуацијата во Венецуела. И покрај повиците на демократската опозиција и на меѓународната заедница, Владата на Венецуела со сила им се спротивставува на мирните демонстранти, а во некои случаи користи вооружени групи кои тврдат дека дејствуваат во поддршка на владата. Уапсени се студенти, како и клучен опозициски водач“, порача шефот на американската дипломатија, кој побара од владата во Каракас да го зачува јавниот ред, а двете страни да се воздржат од употреба на насилство.

Кери побара од владата на Мадуро да ги ослободи уапсените членови на опозицијата. Водачот на опозицијата Леополдо Лопез во средата самиот драматично и‘ се предаде на полицијата, која го бараше под обвинение дека е организатор на низа насилни протести во кои пет лица беа убиени.