Венецуела во спор со Колумбија
26 ноември 2007Реклама
Венецуела ги замрзна дипломатските односи со соседна Колумбија . Причина е одлуката на колумбијскиот претседател Алваро Урибе да му го одземе мандатот на својот венецуелански колега Хуго Чавез за посредништво во преговорите со бунтовничката група ФАРК. Чавез при преговорите ги пречекорил своите компетенции - беше образложено пред неколку денови. Претседателот на Венецуела од почетокот на Август вложуваше напори за ослободување на заложниците кои ги држи ФАРК , но без конкретни резултати.