1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон објави тајни списи на НСА, Сноуден со нови откритија

С. Недевски/БГ/дв/ртр/дпа/ап1 август 2013

Во аферата за сеопфатниот надзор на американската Агенција за национална безбедност (НСА), владата во Вашингтон се труди да прејде во офанзива. Таа објави три тајни документи но и Едвард Сноуден не застанува.

https://p.dw.com/p/19I2O
Фотографија: picture-alliance/dpa

Трите документи се декласифицирани затоа што тоа е во „јавен интерес“ и со цел „поголема траснпарентност“, соопшти координаторот на амриканските разузнувачки служби , Џејмс Клапер во Вашингтон. Документите соддржат детали за масовното зачувување на телефонски разговори на милиони американски граѓани.

Станува збор за извештаи од 2009 и 2011 година како и за одлука на таен суд од април годинава со која се припишува според кои правила податоците смеат да се зачувуваат и да им бидат ставани на располагање на истражителите. Со судската одлука телекомуникацискиот концерн Верајзон бил обврзан во период од три месеци , секојдневно на НСА да и ги предава целокупните свои мета-податоци. Ова се однесувало како на внатрешните така и на телефонските разговори со странство.

Symbolbild USA Prism NSA Abhörskandal
Фотографија: imago/Christian Ohde

Објавувањето на документите се случи откако тимот на претседателот Барак Обама задолжен за национална безбедност вчера сведочеше пред Конгресот, покажувајќи притоа колку е лесно со користење на телефонските податоци да се уловат осомничени терористи.

Според извештаите на медиумите, трите декласифицирани документи во суштина не соддржат ништо ново. Тие даваат само груба слика за тоа под какви услови се случува масивното зачувување на телефонски податоци, за кое уште на почетокот во јуни во јавноста проговори поранешниот компјутерски специјалист на служба во НСА, Едвард Сноуден. Набљудувачите објавувањето на документите го сметаат како обид да се ублажи растечкиот отпор како во Конгресот така и кај населението против масивниот надзор од страна на државата. Претседателот Обама во меѓувреме за денеска закажа кризна средба посветена на аферата околу масивниот надзор на тајните служби на која ќе учествуваат високи претставници на двата дома на американскиот Конгрес.

Нови откритија на Сноуден

Во меѓувреме информантот Сноуден ја продолжи својата серија на откривања за тајниот масивен надзор од страна на разузнувачките служби на САД. Британскиот весник „Гардијан“ објави документи за една веројатно уште посеопфатна тајна програма на НСА. Според овие документи. кои Сноуден му ги предал на весникот, компјутерската програма наречена „ЕксКискор“ ("XKeyscore") овозможува увид во „практично се' што прави еден вообичаен корисник на интернет“. Вработените во НСА можат со оваа програма во реално време да ја читаат електронската пошта на корисниците и да имаат увид во нивните пребарувања на интернер, нивните активности на социјалните мрежи и практично да ги следат сите останати онлајн активности.

Edward Snowden
Едвард СноуденФотографија: picture-alliance/AP

Агнцијата за национална безбедност ги демантираше наводите на весникот „Гардијан“: Обвинението дела НСА своеволно и неконтролирано собира податоци е погрешно“, соопшти НСА . „ЕксКискор“ е составен дел од законски утврдениот систем за собирање разузнувачки податоци во странство. Програмите за надзор се во служба на одбраната од терористички напаси, порачаа во американската разузнувачка служба.

Едвард Сноуден од 23 јуни наваму се наоѓа во транзитното оделение на московскиот аеродром Шереметјево. Во бегството пред американското правосудство, 30 годишниот експерт за информатичка технологија се обидува да добие привремен азил во Русија. Москва одбива да го израчи Сноуден на САД, бидејќи како што вели двете држави немаат соодветен договор.